Ливерпул се соочува со сериозни проблеми во пресрет на пеколниот распоред на натпревари во месец декември, во кој Јирген Клоп не може да смета на Фабињо.
Бразилецот се наметна како предводник на средниот ред на „црвените“ со одличните игри од стартот на сезонава, но повредата на скочниот зглоб заработена на последниот дуел со Наполи дефинитивно е крајно непријатна. Во таборот на Ливерпул се свесни дека паузата сигурно нема да биде кратка, а првите прогнози се дека Фабињо ќе може да се врати на терените за најмалку еден месец.
Ова значи дека екс-фудбалерот на Монако ќе го пропушти клучниот меч од ЛШ, на гостински терен против Салцбург, целокупниот клупски мундијал што ќе се одржи во Катар, како и бројни значајни средби од Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА