Фабио Канаваро неславно заврши: По само четири месеци со отказ од клупата на Беневенто

Неславно заврши првиот тренерски ангажман на легендарниот Фабио Канаваро во Европа.

Прославениот поранешен италијански репрезентативец доби отказ од клупата на Беневенто, кој се натпреварува во Серија Б, откако во 23. коло загуби на домашен терен од фенерџијата Венеција со 1-2.

Со тој пораз Беневенто се спушти на претпоследната позиција на табелата, а Венеција со победата скокна две места, оставајќи ги Беневенто и Козенца на дното.

Се вчитува...