Цеск Фабрегас е решен да не ја заврши летово својата кариера, и покрај катастрофалната последна сезона што ја имаше во редовите на Монако. Честите повреди, како и последиците од коронавирусот го лимитираа шпанскиот ветеран на само два настапи во француското првенство и еден одигран меч во Лигата на Европа, па јасно е зошто челниците на Монако немаат намера да го продолжат договорот со екс-капитенот на Арсенал.
Фабрегас веќе добил неколку понуди за почнување на тренерска кариера, но е решен да мине уште најмалку една година како играч.
„Оваа сезона ми беше најлоша во кариерата, но мислам дека не смее да биде крај на кариерата. Чувствувам дека можам уште да понудам како играч, немам чувство дека е време да се каже збогум на фудбалот. Затоа и решив да играм, дополнително ќе решам каде ќе ја продолжам кариерата. Да бидам искрен, имав неколку телефонски повици, мои поранешни тренери ме повикаа да почнам тренерска кариера во нивните клубови, но сметам дека уште ми е рано за таков чекор“, изјави Фабрегас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА