Фабрегас се кае? Порача дека сака да се врати во Арсенал!

Шпанецот Сеск Фабрегас во интервју за „Марка“ порача дека не би имал ништо против да се врати во редовите на Арсенал.

Зборувајќи за случувањата од пред неколку години кога од Барселона премина во Челси, сега Фабрегас повторно ја „сврте плочата“ па вели дека не би имал ништо против еден врет да се врати во Арсенал, клуб кој засекогаш ќе остане во неговото срце.

„Арсенал засекогаш ќе биде во моето срце и никогаш нема да заборавам што доживеав играјќи за тој клуб. Па, ако се овозможи некоја шанса секако дека би се вратил таму. Никогаш не се знае. Во тој клуб ги доживеав најубавите моменти од својата кариера и тоа никогаш нема да го заборавам“ – вели Фабрегас.

Се вчитува...