Фабрицио Романо ја откри иднината на Кристијано Роналдо

Иднината на Кристијано Роналдо е главна тема за спортската јавност бидејќи долго време се најавува дека може да го напушти Манчестер Јунајтед на лето. Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг најави дека ќе има разговор со Роналдо, но добро информираниот новинар Фабрицио Романо тврди дека Португалецот веќе донел конечна одлука.

Роналдо не се плаши од конкуренцијата и не сака да му биде ветено од Тен Хаг дека ќе има голема минутажа, но неговата одлука е јасна и тој сака да ја промени средината. Португалецот е свесен дека има уште една сезона од договорт со Јуанјтед, а во план има уште две сезони да одигра на највисоко ниво, па сака и следната сезона да игра во Лигата на шампиони, а не во Лига Европа.

Тој го известил својот менаџер Мендеш да му договори трансфер во клуб кој се бори за освојување на Лигата на шампиони. Медиумите пренесуваат дека тоа може да биде трансфер во ПСЖ или враќање во Реал Мадрид, па останува да видиме колку е тоа реално.

Се вчитува...