„Фала ти, Белграде, за вакцините за мајка ми и сестра ми, а вие политичари…“

Голем број на граѓани од регионов, вклучително и жители на Македонија, денеска отпатуваа за Србија прифаќајќи ја поканата на српските власти за бесплатна вакцинација од Covid-19.

Легендарниот босански фудбалер Сергеј Барбарез се најде во центарот на вниманието на јавноста откако јавно им се заблагодари на Србите за дадената поддршка, но и ги искритикува властите во својата земја.

„Фала ти мој Белграде, од срце што им даде шанса на мојата мајка и мојата сестра да се вакцинираат, со само тоа и шанса за подобар живот за нив. А тебе, „БИХ политико“, да не ве набројувам поединечно бидејќи и не сте заслужиле, продолжи и понатаму со своите идиотизми и незнаење“, напиша Барбарез на својот профил на твитер.

Се вчитува...