Фала ти, легендо: „Кралевите“ со шпалир и супер-кореографија за Тони Крос (видео)

Тони Крос вечерва го игра последниот меч на „Сантијаго Бернабеу“, откако Германецот минатата седмица објави дека летово ќе ја заврши својата фантастична кариера.

„Кралевите“ на фантастичен начин се збогуваа во Мадрид од големиот мајстор на фудбалската игра, сите фудбалери на Реал облекоа дресови со број осум и направија шпалир за Германецот, додека при неговото излегување на теренот на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ се појави извонредна кореографија во негова чест.

Дефинитивно, Тони Крос заслужува вакво збогување од клубот со кој освои се што можеше да се освои…

Се вчитува...