„Фалангата“ уште побројна за дуелот со Црна Гора

ЕКИПА во Загреб,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Големиот триумф над Словенија уште повеќе ја крена атмосферата во македонската спортска јавност, па за денеска се најавува уште поголема поддршка за нашите ракометари.

Откако „фалангата“ беше во елемент и над 2.000 навивачи им дадоа огромна поддршка на избраниците на Раул Гонзалес, за денеска се најавува уште поголемо присуство на македонските фанови на трибините на „Арена“. Покрај 50-те навивачи што пристигнуваат како „засилување“ од Телеком, се очекува доаѓање на уште најмалку стотина фанови од различни градови од Македонија.

Идентично како и пред мечот со Словенија, навивачкото шоу во Загреб ќе стартува во барот „Роко“, на неколку километри оддалеченост од „Арена“, каде уште од 16 часот ќе почне македонската забава и „загревањето“ за дуелот со Црногорците.

Се вчитува...