Фалкао по поразот во Манчестер: Ништо не е готово

Монако загуби на „Етихад“ со 5-3 од Манчестер сити во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите.

Колумбиецот Радамел Фалкао одигра добар меч постигнувајќи и два гола, но не реализираше и удар од белата точка. Смета, сепак, дека ништо не е готово и дека неговата екипа уште има шанси да се пласира понатаму…

„Ништо не е готово. За жал, не успеавме да дојдеме до победа вечерва. Сега мора да се подготвиме за реваншот на домашен терен. Имаме и тоа како сериозни шанси за пласман понатаму, треба само да веруваме во себе“ – вели Фалкао.

Се вчитува...