Фамилија Роналдо објави прва слика од новиот член во семејството и му се заблагодари на цел свет (ФОТО)

Кристијано Роналдо им се заблагодари на навивачите на Ливерпул за незаборавните сцени на „Енфилд Роуд“, моменти кои уште еднаш ни покажаа дека фудбалот е едно големо глобално семејство во кое хуманоста и респектот се над секое ривалство.

Португалецот минува низ едни од најтешките моменти на личен план откако заедно со својата партнерка Георгина го загубија новородениот син. Семејството овојпат сподели нова емотивна објава и потврди дека второто близначе (девојчето) е вратено дома со својата мајка.

Роналдо објави групна фотографија со целото свое семејство и испрати нова благодарница до цело фудбалско семејство, од едноставна причина што топлите пораки со љубов и поддршка прават овие денови да ги мине полесно.

„Доме слатки доме. Георгина и нашето девојче конечно се со нас. Сакаме да се заблагодариме на сите за убавите зборови и гестови. Вашата поддршка е многу важна и ние ја почувствуваме целата љубов и почитта која ја покажавте кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот на кој му посакавме добредојде на овој свет“, порача Роналдо.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

 

Се вчитува...