Фановите ги чекаат ѕвездите пред „Александар Палас“ и „ТЦЦ Плаза“

Фанови на Реал Мадрид и на Манчестер јунајтед се наоѓаат пред хотелите „Александар Палас“ и „ТЦЦ Плаза“, каде отседнаа ѕвездите на шпанскиот и на англискиот гигант, во пресрет на утрешниот дуел од Суперкупот на Европа, кој ќе се одигра „Телеком Арена“ во Скопје. Тие сакаат да ги видат во живо Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Герет Бејл, тренерот Зинедин Зидан, како и Пол Погба, Ромелу Лукаку, Давид Де Хеа, менаџерот Жозе Мурињо, користејќи ја единствената можност кога тие се во нашиот главен град.

junajted fanovi

Но, обезбедувањето пред двата хотели е огромно, па реално, можат само од голема далечина да забележат кога фудбалерите ќе влезат во автобусот што ќе ги одведе на тренинг на „Телеком Арената“.

Манчестер јунајтед прв ќе го одржи официјалниот тренинг, во 17.30 часот, додека два часа подоцна на теренот ќе истрчаат и ѕвездите на Реал Мадрид.

Се вчитува...