Фановите го бркаат од репрезентацијата на Шпанија: „Пике – надвор, ѓубре едно!“

Фудбалската репрезентација на Шпанија се соочува со непријатна атмосфера по референдумот и немирите што се случија во Каталонија изминатиот викенд. На удар е Жерар Пике, дефанзивецот на Барселона, кој излезе на референдумот и пропагираше дека тој посакува независност на Каталонија. Но, тоа секако не им се допаѓа на останатите навивачи на Шпанија, кои го сметаат за ’предавник’.

pike i ramos

Дел од нив се појавија и на тренингот на шпанскиот национален тим, и извикуваа „Пике надвор!“. Тие бараат Пике да биде отстранет од националниот тим на Шпанија, затоа што јавно истакнува дека би сакал Каталонија да стане независна држава, што се коси со шпанскиот устав.

Се вчитува...