Фановите на Јунајтед воодушевени: Ерик тен Хаг го носи Ериксен на „Олд Трафорд“!?

Кристијан Ериксен повторно игра како некогаш, Данецот потсети на своите најдобрите денови, и затоа е на цена во Премиер–лигата. Брентфорд ќе се обиде да го задржи, но мали се шансите Данецот да остане и по истекот на договорот во јуни.

Англиските медиуми пишуваат дека Ерик тен Хаг го посакува Ериксен на неговиот нов почеток, во Манчестер Јунајтед, а ваквата вест предизвука низа на коментари од верните фанови и големо воодушевување.

Ериксен на лето ќе биде слободен и бидејќи се враќа во врвна форма, нема дилема дека би бил врвно засилување за секоја екипа.

Тен Хаг ги знае квалитетите на Ериксен, има и огромно искуство, може да игра на неколку позиции во неколку различни формации, така што ова не е изненадување.

Ериксен има 30 години и ако е здрав и подготвен, може да биде огромно засилување за „ѓаволите“. За него е заинтересиран и Тотенхем.

Се вчитува...