Фановите на Левски го „запалија“ хотелот на Хајдук (ВИДЕО)

Во пресрет на реванш натпреварот помеѓу Хајдук Сплит и Левски Софија, хотелот каде престојуваат фудбалерите на Хајдук беше нападнат со пиротехника од страна навивачите на бугарскиот клуб. „Сектор-Б Ултрас“ навивачката група на Левски, ноќеска околу три часот по полноќ го обиколија „Хилтон“, па покрај навредливите скандирања го нападнаа хотелот со огномети.

Истата навивачка група подоцна објави видео од нападот на нивната фан страна на социјалната мрежа „Фејсбук“, со наслов: Хајдук, спиевте ли мирно?.

https://twitter.com/tribunselcom/status/887981131764838401

Се вчитува...