Фановите на „црвените ѓаволи“ одлучија: Роналдо е најдобар фудбалер на Јунајтед за месец септември

По само еден месец откако дојде во Манчестер, Кристијано Роналдо е избран за најдобар играч на месец септември на Јунајтед од страна на фановите на клубот.

Португалската суперзвезда, која повторно потпиша за „црвените ѓаволи“ на последниот ден од август, го започна месецот со своето големо враќање на „Олд Трафорд“, постигнувајќи два гола при враќањето на „Театарот на соништата“ во победаата од 4-1 против Њукасл Јунајтед.

На гости кај Вест Хем Јунајтед следниот викенд Португалецот постигна клучно израмнување, откако Манчестер Јунајтед освои три бода по драматичната завршница, која вклучуваше гол од Лингард и пенал одбранет од Давид Де Хеа.

Помеѓу тие натпревари, Кристијано постигна гол и при враќањето на европската сцена, против Јанг Бојс во Берн. Тој го заврши месецот на типичен начин за него, постигнувајќи победнички гол во 95-та минута со што Манчестер Јунајтед го победи Виљареал со 2-1.

Се вчитува...