Фантастичен гол на Сака, Арсенал блиску до три бода (ВИДЕО)

Вицешампионот на Премиерлигата, Арсенал има предност од 2-0 на полувремето од првиот натпревар во сезоната.

„Топџиите“ кои доминираат на теренот без многу проблеми се пробија до голот на Нотингем Форест и 45. минути ги делат од забележување на првите три бода.

Првиот гол беше дело на Нкетија, а вториот на Сака кој со феноменален потег и одличен шут за затресе мрежата на Турнер.

Голот на Англичанецот кој долго ќе се врти по најавните шпици може да го видите ТУКА.

 

Се вчитува...