Фантастичен натпревар во Торино – Франција со три гола во второто полувреме до пресврт победа над Белгија

Фантастичен натпревар одиграа Белгија и Франција во полуфиането од Лигата на нации, а на крајот на победа и место во финалето се радуваа „триколирите“ кои успеаја да надокнадат негатива од 2-0 на полувремето со три гола во вторите 45. минути.

Белгија поведе со 2-0 на полувреме со головите на Караско и Ромелу Лукаку во 37. и 41. минута и беше на прагот на изборување на место во големото финале, но Франција не се предаде. Напротив одигра фантастично во второто полувреме, а негатива ја стопи со голот на Бензема во 62. минута.

Мбапе реализираше пенал во 69. минута за израмнување, а вистинска драма следеше во последните три минути од мечот. Имено, предност од 3-2 за Белгија донесе Лукаку во 87. минута, гол кој беше поништен поради офсајд, а три минути потоа Тео Хернандез стрелаше при шестнаесетникот, обид за кој Куртоа немаше одбрана за голема победа на Франција.

Франција во финалето ќе се сретне со Шпанија, додека за трето место ќе играат Италија и Белгија.

Се вчитува...