Фантастична претстава: Рекорден осми меч во месецов играч со постигнати најмалку 50 поени во НБА лигата

Натпреварот меѓу Орландо и Детроит беше единствениот одигран синоќа во НБА лигата, но понуди фантастична претстава на еден играч.

Садик Беј во триумфот на Детроит од 134-120 постигна 51 поен (учинок на кариерата), дополнето со девет скока и четири асистенции. Беј уфрли дури три тројки од 14 обиди, а вкупниот негов шут беше 17/27 од игра. Реализираше и седум од десет слободни фрлања.

Покрај него, најдобар кај Пистонс беше и Марвин Бегли со 20 поени и 11 скока. Орландо со 26 поени го предводеше Франц Вагнер.

Интересно, ова е рекорден осми натпревар во кој некој месецов постигнува барем 50 поени. Досега тоа двапати го направија Леброн Џејмс (56, 50) и Кајри Ирвинг (60, 50), а по еднаш Џејсон Татум (54), Кевин Дурант (53) и Карл Ентони Таунс (60).

Се вчитува...