„Фармацевтите“ го декласираа Хофенхајм

Баер Леверкузен стигна до второто место на табелата во Бундес-лигата, откако го совлада Хофенхајм на гости со 1-4. Бајли во првиот дел го отвори резултатот, Баумгартлингер зголеми на 0-2, а Аларио во 70.минута и дефинитивно ги разјасни работите околу победникот. Хофенхајм постигна почесен гол преку Салаи, а Баумгартлингер уште еднаш се запиша во листата на стрелците за конечни 1-4.

„Фармацевтите“ сега имаат 31 бод, исто колку и Лајпциг кој падна на третата позиција по денешниот пораз на гости против Фрајбург. Тимо Вернер во 66.минута му донесе предност на Лајпциг, но Хаберер и Кох направија комплетен пресврт до крајот на мечот.

Резултати Германија: Борусија Менхенгладбах – Аугсбург 2-0, Фрајбург – Лајпциг 2-1, Хофенхајм – Баер Леверкузен 1-4, Мајнц – Штутгарт 3-2, Волфсбург – Ајнтрахт Франкфурт 1-3.

Се вчитува...