Фатена на дело: Адвокатката на Јувентус фаќала „врски“ за тестот на Суарез

Италијанското обвинителство покрена истрага околу испитот за познавање на италијански јазик што Луис Суарез го мина „дриблајќи ги правилата“, а продлабочувањето на истрагата ги одведе обвинителите до адвокатката на Јувентус, Марија Труко. Постојат сериозни индиции дека Суарез однапред ги знаел прашањата на одговорите во тестот, а италијанските медиуми објавија и дел од транскриптите од комуникациите меѓу професорите кои биле дел од тестирањето.

„Заработува по 10 милиони евра годишно, мора да мине… Но што да правиме кога не знае правилно да ги користи глаголите и именките, зборува само во инфинитив… Ако новинарите му постават прашање на италијански, ќе биде тотално збунет… Кажете колку бода да му пишеме, толку и ќе добие… Добро го подготвивме, ќе ги запамети прашањата што ќе му се паднат на испитот“, се само дел од пораките што професорите си ги испраќале еден на друг.

Воедно, истрагата сега е насочена кон Труко, откако е утврдено дека таа била во редовен контакт со деканот на факултетот во Перуџа, каде Суарез беше тестиран. Најпрвин таа ургирала за испитот да биде организиран порано од првиот термин (22 септември), што и било исполнето, а потоа и ветувала дека сите странски фудбалери ќе ги носи на овој факултет за да го полагаат испитот по италијански јазик.

Обвинението може да биде многу сериозно и за Суарез и за Труко, истрагата се уште е во тек“, најавуваат италијанските медиуми.

Се вчитува...