Фати без дилема: Имав и други понуди, но моја прва опција беше Барселона

Барселона успеа да го продолжи догворот на еден од најталентираните фудбалери во светот, Ансу Фати, кој одлучи да ја продолжи соработката со тимот од Каталонија до 2027 година, а притоа новата „десетка“ на каталонскиот гигант доби откупна клаузула од милијарда евра, која со сигурност никој не може да ја плати.

Фати потенцираше дека досега ги одбил понудите од другите гиганти, па кажа дека Барселона била негова прва опција и поради тоа го продолжил договорот со Каталонците.

„Му кажав на Мендеш дека прва опција ми е Барселона, па веднаш се договоривме. Имавме неколку понуди од странство, но јас знаев каде сакам да продолжам. Му се заблагодарувам на претседателот Лапорта за довербата и што ми овозможи да продолжам да играм во тимот уште неколку години“, кажа Фати.

Се вчитува...