Фазлагиќ по вчерашниот пораз: Разочарани сме од нашиот пристап на мечот, ова нема да се повтори!

Еден од најталентираните млади македонски фудбалери Енис Фазлагиќ е крајно разочаран од играта и пристапот на мечот на младите репрезентативци кои загубија убедливо со 0-3 од Словенија на контролниот натпревар во Кршко.

Фазлагиќ вели дека сите оние кои настапиле во првото полувреме, кога беа примени сите три погодоци, комплетно потфрлиле.

„Навистина сме премногу разочарани од вчерашниот настап, посебно од нашиот пристап во првото полувреме. Претходно кажавме дека оваа селекција има квалитет, но не смееме да си дозволиме еден таков индолентен однос, посебно кога се игра во националниот дрес. Првото полувреме беше навистина лошо. Мислевме дека ќе излеземе лесно на крај со противникот, како на претходните натпревари, и резултатот ќе си дојде сам по себе. Но, секој натпревар носи со себе нешто ново, а ние овојпат не исполнивме ништо од задолженијата на стручниот штаб“ – ни изјави Фазлагиќ.

Новата постава во второто полувреме одигра квалитетно, пропуштајќи и неколку одлични можности и за ублажување на поразот.

„Мора да ги пофалам дечките кои играа во второто полувреме и кои покажаа карактер како треба да се игра за националниот дрес, посебно кога влегуваш во игра е резултатот е веќе 0-3 за противникот. Половина од вториот дел играа со играч помалку и не им дозволија на Словенците да направат шанса. Им се извинуваме првенствено на нив, на стручниот штаб и на сите оние кои навиваат за нас, кои не следат и веруваат во нас. Убеден сум дека ќе пружиме многу подобри игри и секако со подобар резултат. Ни следат квалификациите во кои убеден сум и верувам во оваа селекција со која можеме до големи нешта, но само со правилен пристап како што беше на претходните натпревари. Пристап каков и што заслужува македонскиот национален дрес“ – вели Фазлагиќ.

Се вчитува...