„Фед-екс“ супериорно против Чунг, и Венус во полуфиналето во Индијан Велс

Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Индијан Велс. Првиот светски тенисер со 7-5,6-1 славеше против Кореанецот Хеон Чунг.

Оваа сезона одличниот корејски тенисер му пружи отпор на „Фед-екс“ само во првиот сет, но откако успеа да го добие со 7-5 после само рутински си ја одработи задачата во вториот сет.

Федерер во полуфиналето на турнирот ќе се сретне со хрватскиот тенисер Борна Чориќ кој синоќа со 2-1 го победи Кевин Андерсон.

Во полуфиналето на женскиот турнир се пласираше и Венус Вилијамс победувајќи ја Шпанката Суарез-Наваро со 6-3,6-2.

Се вчитува...