Федерер: Да го освојам УС Опен? Тоа би било смешно…

Роџер Федерер не се сместува себеси во фаворитите за освојување на годинашниот УС Опен. Федерер вели дека е речиси невозможно да победи на три од четири најголеми турнири во 2017 година, а на прашањето околу подигнувањето на пехарот има интересен одговор.

„Тоа би било смешно. Од никаде да се освојат три Грандслем турнири во годината…“ – вели Федерер, дополнувајќи дека успесите од претходниот дел на сезоната заслужни да се создаде нереална слика.

„Знам дека имам големи шанси да остварам добар резултат на УС Опен, но да го освојам? Мора да бидеме реални во пооделни моменти. Немам повеќе 25 години. Не сум сигурен дека може да освојам три Грандслема во една сезона“.

УС Опен почнува на 28. август. Станислас Вавринка поради повреда нема да го брани трофејот од минатата година.

Се вчитува...