Федерер експресно во 4. коло на УС опен

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во осминафиналето на последниот грен-слем во сезоната УС опен, откако во 3. коло за само 1 час и 20 минути со максимални 3-0 (6-2, 6-2 и 6-1) го совлада британскиот тенисер Даниел Еванс.

Швајцарецот во текот на целиот меч доминираше и во ниту еден момент не му дозволи на Еванс да се надева дека може да направи големо изненадување.

Во осминафиналето популарниот Федекс го чека подобриот од мечот меѓу Шпанецот Карено Буста и Белгиецот Давид Гофан.

Се вчитува...