Федерер го преслуша и Димитров за нов трофеј во Ротердам

Роџер Федерер ја потврдува својата извонредна форма и на стартот од 2018 година, откако големиот ас се закити со титулата на турнирот во Ротердам, зацврстувајќи се на првата позиција во однос на Рафаел Надал.

Швајцарецот со самиот пласман во полуфиналето го прескокна Надал, но продолжи со одлични настапи, па во денешното финале му одржа лекција на Григор Димитров, совладувајќи го со 2-0 во сетови. Бугарскиот тенисер барем на хартија требаше да биде достоен ривал за Федерер, но целиот меч мина во доминација на швајцарскиот великан, кој експресно ја заврши работата со убедливи 6-2, 6-2.

За Федерер ова беше седма победа во седмиот дуел со Димитров, за трета титула во Ротердам и вкупно 97. во кариерата.

Се вчитува...