Федерер го растури Гофан, елиминирана Ешли Барти

Роџер Федерер блесна во сиот свој сјај, демолирајќи го Давид Гофан во осминафиналето од УС Опен со 3-0 во сетови. Интересно, белгискиот тенисер го направи првиот брејк во мечот, но потоа следеа пет гејма во низа на Федерер, кој триумфираше во првиот сет со 6-2. Швајцарецот потоа продолжи со идентични 6-2 и во вториот сет, за во третиот сет да не му препушти на ривалот ниту еден единствен гејм.

Федерер мина на теренот само 78 минути, завршувајќи го осминафиналето со дури 34 винер-удари наспроти само осум на Гофан.

Настапот на УС Опен го заврши втората носителка Ешли Барти, која загуби со 2-6, 4-6 од Ванг Кјанг од Кина. Австралиската тенисерка потфрли на денешниот меч правејќи дури 39 неизнудени грешки, па не и преостана ништо друго освен на крајот да и честита на 18. носителка. Следна противничка на Ванг ќе биде победничката на дуелот меѓу Мартиќ и Серена Вилијамс.

Се вчитува...