Федерер и Дел Потро обезбедија четвртфинален дуел на УС Опен

Роџер Федерер и Хуан Мартин Дел Потро ќе играат меѓу себе во четвртфиналето на УС Опен откако успешно ги минаа синоќа осминафиналните пресметки.

Шампионот на УС Опен од 2009 година, Дел Потро стигна до четвртфиналето по голема борба против Доминик Тим славејќи во пет сета и со голем пресврт. Тим ги доби првите два сета со 1-6 и 2-6, а потоа следеше пресвртот, Дел Потро добивајќи ги следните три сета со 6-1,7-6 и 6-4.

Федерер, пак, убедливо во три сета со 6-4,6-2, и 7-5 го совлада Германецот Колшрајбер.

Па, познати се сега комплетните четвртфинални двојки и во машка и во женска конкуренција на УС ОПЕН.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – МАЖИ

Федерер – Дел Потро

Надал – Рубљев

Квери – Андерсон
Буста – Шварцман
ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ЖЕНИ
В.Вилијамс – Квитова
Плишкова – Вандервеге
Кејс – Канепи
Стефанс – Севатсова

Се вчитува...