Федерер ќе биде избришан од АТП-листата

Новак Ѓоковиќ ќе го загуби првото место поради бришењето на бодовите од Вимблдон, но уште полошо ќе мине Роџер Федерер, кој ќе биде целосно избришан од АТП-рангирањето.

Швајцарецот моментно се наоѓа на 46. место на АТП-листата со вкупно 1030 бодови, но бидејќи не планира камбек наскоро, ќе следи губење и на овие мал број бодови на ова салдо. Согласно правилата, поради ова ќе дојде и до бришење на Швајцарецот од АТП-листата. Истото на женската ВТА-листа ќе се случи и со Серена Вилијамс.

Останува да се види дали Федерер воопшто ќе се врати на терените, или наскоро ќе објави крај на кариерата, со оглед на честите повреди кои го спречуваа да игра на највисоко ниво и долгите паузи по секој хируршки зафат врз Швајцарецот.

Се вчитува...