Федерер не се ни испоти за финале: Чунг предаде во вториот сет

Роџер Федерер лесно си обезбеди место во финалето на Австралија Опен откако Јужнокореецот Хјеон Чунг го предаде мечот во вториот сет.

Швајцарецот апсолутно доминираше во полуфиналната пресметка, добивајќи го првиот сет со 6-1, а потоа при водство од 5-2 во вториот јужнокорејскиот тенисер го предаде мечот поради проблеми со отоци на нозете.

Во финалето Федерер ќе игра против Хрватот Марин Чилиќ кој вчера во полуфиналето беше подобар од Британецот Едмунд.

Се вчитува...