Федерер: Незаборавно финале!? Јас сакам што побрзо да го заборавам

Роџер Федерер не успеа да му ја украде титулата на Новак Ѓоковиќ од Вимблдон во дефинитивно најдраматичното финале во историјата на грандслем турнирот во Лондон. Без сомнение, како што истакнаа и сите присутни во Лондон, за многумина незаборавно финале за кое уште долго ќе се прераскажува…

„Викате незаборавно финале… Јас сакам што побрзо да го заборавам“ – низ сме прокоментира Федерер веднаш по добивањето на вицешампионскиот трофеј, и дополни:

„Се шегувам секако. Беше тоа извонреден меч. Дадов се од себе, задоволен сум како одиграв но мора да кажам дека против себе го имав и одличниот Новак кој направи огромна работа. Честитки Новак. Задоволен сум и како го одиграв целиот турнир и може да кажам дека со игра на овој начин на 37 години посакувам да сум мотив за многу спортисти кои може да видат дека и на овие години може да ги живеат своите соништа“.

Се вчитува...