„Федерер остави поголема трага од Ѓоковиќ, а е и поголема икона од Надал“

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер стави крај на блескавата кариера за која неговиот некогашен ривал Томаш Бердих вели дека допринела повеќе за „белиот спрот“ од таа на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Нада.

Чешкиот тенисер верува дека поради Федерер многу луѓе го сакале спортот и почнале истиот да го следат, а тоа не може да се споредува со остварени резултати и освоени титули.

„Чувствував дека ќе замине во пензија со оглед на проблемите кои ги имаше, но не знаев кога ќе биде тоа точно. На крајот испадна да замине на најдобриот можен нечин“, вели Бердих кој потоа се осврна и кон прашањето за најдобар на сите времиња.

„Сите луѓе различно размислуваат и најчесто овие прашања се одговараат на аргументи за освоени титули, но имаше спортисти кои оставија поголема трага за спортот на друг начин. Мислам дека Федерер остави поголема трага од Ѓоковиќ, а е и поголема икона од Надал. Можеби затоа што токму тој ја започна таа голема ера. Што тој направи за тенисот не може да се спореди со резултати. Многу луѓе започнаа да тренираат или да го следат тенисот поради него. Тоа го прави супериорен во однос на другите. И не само на теренот, тој надвор од него се однесува човечки. Да го сретнете негде надвор нема да верувате дека тоа е тој“, вели Чехот.

Се вчитува...