Федерер повторно ја пропушта „земјената“ сезона?

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер, најави дека би можел да ги прескокне сите турнири на земјена подлога што ќе се играат во 2018. По освојувањето на титулата на Австралија Опен, Федерер порача дека му треба уште некое време да одлучи дали  ќе се појави на следниот голем турнир во Дубаи.

„Преговарам со организаторите на турнирот. Кога почна Австралија Опен, ги прашав дали може да донесам одлука по завршувањето на турнирот. Тоа беше идеално сценрио за мене, бидејќи после турнирот во Мелбурн ќе знам како се чувствувам и дали имам некоја повреда. Покрај тоа, ќе морам да одлучам за сезоната на земја. Можеби некои турнири ќе ги одиграм, а некои ќе ги прескокнам“– изјави Роџер Федерер.

Слична селекција Швајцарецот направи и минатата сезона во која настапи само на 12 турнири, а од нив освои дури седум.

Се вчитува...