Федерер: Пронајдов вистински ритам

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласира во осминафиналето на гранслем турнирот УС Опен, покажувајќи доминација во дуелот со Фелицијано Лопез. По двата меча кои ги играше во пет сета, овојпат Федерер славеше со убедливи 3-0 во сетови (6-3, 6-3, 7-5).

„Го пронајдов вистинскиот ритам и се одеше многу полесно отколку претходно. Фелицијано беше одличен ривал, но јас почувствував многу поголема сигурност и тоа беше евидентно во мојата игра. Поддршката од публиката беше фантастична и се гледаме на следниот меч“, изјави швајцарскиот ас.

Во следното коло Федерер го очекува дуел со Германецот Филип Колшрајбер.

Се вчитува...