Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер вели дека ќе се помири со тоа дека наскоро неговиот рекорд по освоени грен-слем трофеи наскоро ќе биде урнат. Федерер во богатата кариера освои 20 титули од најголемите турнири. Сепак, последен пат на грен-слемите се радуваше во Австралија во 2018 година. Поради тоа неговите најголеми ривали Рафаел Надал (19) и Новак Ѓоковиќ (16) му се доближија на вечната листа.
„Секако дека сакам да ги задржам сите мои рекорди. Но, тоа веќе не е реално. Сите тоа константно ме прашуваат, сакам да ги задржам, но тие се тука да бидат урнати и тоа ќе се случи наскоро“, изјави Федерер.
Федерер најголема шанса за освојување на грен-слем годинава имаше на Вимблдон, каде во финалето во трилер меч загуби од Новак Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА