Федерико Киеза доаѓа на „Емирати“?

Англискиот премиерлигаш Арсенал влезе во трката за ангажман на напаѓачот на Фиорентина, Федерико Киеза. Како што јавува „Радио Тоскана“, Фиорентина добила конкретна понуда од Лондон вредна 60 милиони евра и голема е веројатноста дека клубот ќе даде согласност за трансферот.

Киеза ова сезона постигна шест гола и забележа три асистенции на 23 натпревари во Серија А. За него најинтересиран беше шампионот Јувентус, потоа во трката се вклучи и Интер, но сега понудата од Лондон делува како многу веројатна опција за Федерико Киеза.

 

Се вчитува...