Шпанскиот првак Реал Мадрид е на голема мака околу одбраната на шампионската титула, има голема негатива во однос на главниот ривал Барселона, но нема така лесно да се откаже од борбата. А за тоа на тренерот Зинедин Зидан му се потребни неколку засилувања во зимскиот преоден рок. Едно од нив, како што најавува шпанскиот „АС“, е Набил Фекир, офанзивниот играч за врска на францускиот клуб Лион. Тој е поливалентен играч што може да се прилагоди да игра дури и како крилен напаѓач.
„Кралскиот клуб“ е подготвен да плати 30 милиони евра за ангажман на Фекир, но ќе има жестока конкуренција и во Барселона, Манчестер јунајтед и во Јувентус.
Главна цел на Реал Мадрид е напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, но таков трансфер би можел да се реализира дури следното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА