Феликс: Бернардо Силва ќе потпише за Барселона

Барселона престојното лето би можела конечно да стигне до услугите на Бернардо Силва. Португалецот беше трансфер цел на каталонците и претходното лето, но не се реализираше преминот поради финаиските проблеми со кои се соочуваат Шпанците.

Се чини дека истите сега се надминати и трасиран е патот на Силва до Барселона, нешто за што говореше и Жоао Феликс кој очекува дека на лето неговиот сонардоник ќе му се приклучи во Шпанија.

„Верувам дека ќе потпише. Веќе говоревме за градот, за животот во Барселона, идеалното место за живеење“, изјави Феликс.

Се вчитува...