Феликс: Навивачите на Атлетико Мадрид не знаат што ми се случуваше во клубот

Жоао Феликс одново го навлече бесот на навивачите на Атлетико Мадрид откако стрелаше и во вториот натпревар помеѓу неговиот матичен клуб и Барселона. Португалецот го отвори дербито на 29. коло од Ла Лига, а неговите соиграчи ги дотолчија „јорганџиите“ за конечни 3-0.

Феликс по натпреварот говореше за медиумите и се обиде да ги смири страстите на навивачите на Атлетико Мадрид.

„Навивачите на Атлетико не знаат што ми се случуваше во Мадрид. Ги разбирам, но не треба да мислат дека сум лошо момче. Дури и со играчите на Атлетико се согласувам многу добро“, кратко изјави Феликс.

Се вчитува...