Фелипе Рејес уште една сезона ќе биде „крал“

Легендарниот шпански кошаркар Фелипе Рејес кој во март наполни 40 години го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една година. За ветеранот ова ќе биде неверојатна 23 професионална година, од кои 17 ги помина токму во дресот на „кралевите“.

Претходно, тој настапуваше за екипата на Естудиантес. Во овие 23 години професионална кариера Рејес, седум пати беше шампион на Шпанија, пет пати ги освојуваше Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија, двапати беше најдобар во Евролигата, а по еднаш се радуваше на трофеите во Еврокупот и ФИБА интерконтиненталниот куп.

Се вчитува...