Фемили Аеродром со графит во чест на Коби Брајант (ФОТО)

Најверните навивачи на МЗТ Скопје, членовите на Фемили Аеродром, нацртаа графит на Коби Брајант, кошаркарската суперѕвезда што го загуби животот во хеликоптерска несреќа минатиот месец во близина на Лос Анџелес.

Брајант е насликан фантастично, во жолто-виолетови бои (клупските бои на ЛА Лејкерс), а крај неговиот лик се напишани бројките 8 и 24, што Коби ги носеше во текот на својата неповторлива кариера.

Се вчитува...