Фенербахче донесе уште едно засилување на центарската позиција

Турскиот шампион Фенербахче потпиша и со Данил Бартел. По претходниот ангажман на Едгарас Улановас од Жалгирис, Дишон Пјер од Сасари и центарот Џонатан Хамилтон од Дарушафака, сега на ред е засилување од Германија.

Бартел, кој игра на центарската позиција, досега беше дел од Баерн како дополнение на Јан Весели во тимот.

Минатата година Бартел во Евролигата бележеше 7,9 поени, 3,9 скока и 1,4 асистенции во просек.

Се вчитува...