Фенербахче го запишува Елиф Елмас на својот универзитет

Турскиот клуб Фенербахче е гигант во вистински смисол, а македонскиот мегаталент Елиф Елмас ќе биде под негови закрила во наредните пет години. Тој ќе биде запишан на новоотворениот универзитет што е во сопственост на Фенербахче, а клубот ќе ги сноси сите трошоци околу неговата идна академска наобразба.

Ова е само уште еден голем потег од клубот за македонскиот репрезентативец кој од јануари и официјално ќе добие право на настап во турското фудбалско првенство. Како што е веќе познато, Елиф Елмас потпиша петггодишен договор со Фенербахче, откако стана полнолетен, но ФИФА не одобри да биде регистриран предвреме за да може да добие лиценца за настап и во есенскиот дел од првенството.

Се вчитува...