ФИБА прозорецот донесе огромни проблеми за турскиот евролигаш Фенербахче кој остана без услугите на Онуралп Битим кој заработи тешка повреда на натпреварот против Босна и Херцеговина.
Деталните прегледи утврдија лошо сценарио бидејќи Битим доживеа пукнатина на лигаментот на скочниот зглоб на десната нога и сега го чека повеќе месечна пауза од терените.
Фенербахче кој има учинок од осум победи и пет порази во следното евролигашко коло се соочува со Олимпијакос, а за овој натпревар тренерот Јасикевичиус покрај Битим, нема да може да смета ниту на Вилбекин и Банга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

