Фенерџијата Алба пропушти сензација против лидерот Реал Мадрид

Речиси во целиот тек од првите три четвртини, Алба Берлин имаше предност над Реал Мадрид, но во последниот период лидерот на табелата во Евролигата успеа да направи пресврт и да го добие натпреварот на крајот со 79-86.

Предноста по првата четвртина изнесуваше 10 разлика за Германците 26-16, а до полувремето „кралевите“ успеаја да намалат, и да заминат со негатива од четири поени. Во третиот период дури гостите успеаја да поведат, откако губеа со 13 разлика во еден момент, но во четвртата четвртина ја презедоа контролата, и на крајот успеаја да слават. Хезоња со 22 поени беше најефиксен кај Реал.

Кошаркарите на Анадолу Ефес го добија „балканското дерби“ против Олимпијакос со 85-72, благодарение на одличниот финиш и добиената четврта четвртина со 19-11, доволно за триумфот на крај.

Домашен триумф оствари и Жалгирис, кој славеше со 96-81 над Виртус, благодарение на пресвртот во вториот дел кој го направија домашните кошаркари, откако на полувремето Виртус имаше предност од +6 (43-49)

Се вчитува...