Реал Сосиедад испушти значајни бодови во битката за излез во Европа следната сезона откако во 31. коло од Ла Лига ремизираше со 2-2 против „фенерџијата“ Алмерија.
Гостите го отворија натпреварот со голот на Ембарба во 30. минута, но радоста на Алмерија траеше само две минути пред Бекер да изедначи на 1-1. Целосниот пресврт на Реал Сосиедад стигна во 59. минута кога мрежата ја затресе Ојарзабал, но по црвениот картон на Зубелдиа, гостите реализираа од белата точка преку Ембарба за конечни 2-2.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА