„Фенерџијата“ без шанси против Тотенхем

Тотенхем забележа рутинска премиерлигашка победа откако како гостин славеше против Шефилд Јунајтед со 1-3. Триумфот беше најавен со голот на Орие по корнерот на Сон, по што вториот погодок пред крајот на полувремето го постигна Хари Кејн.

Шефилд заигра подобро на стартот од второто полувреме и ја преполови негативата преку Меколдрик, но неполни три минути подоцна Ндомбеле со прекрасен погодок ги постави конечните 1-3.

Тимот на Жозе Мурињо со овој триумф се наоѓа на делба на третото место со Ливерпул, но и со меч помалку во однос на „црвените“ на Јирген Клоп.

Се вчитува...