„Фенерџијата“ Леганес му зеде бод на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид не успеа да стигне до триумф на „Ванда Метрополитано“ против последнопласираниот тим на Леганес. Тимот на Диего Симеоне не го искористи домашниот терен играјќи реми без голови. Тоа само ја продлабочи кризата на мадридскиот состав кој минатото коло загуби од Еибар на гости.

Во судиското продолжение, голманот на гостите Пичу Куелјар заработи црвен картон, но ниту тоа не влијаеше за промена на резултатот.

Атлетико Мадрид останува на четвртата позиција на табелата со 36 бода, седум помалку од Барселона и од Реал Мадрид.

Се вчитува...