Фени ќе игра и против Пелистер, иако кошаркарите се уште се без плата

Македонскиот кошаркарски прволигаш Фени индустри, кој се наоѓа во незавидна финансиска состојба, одлучи да го одигра и саботниот меч против Пелистер, иако неколку месеци кошаркарите немаат земени плата. Тие со соопштение се обратија до јавноста.

Почитувани,

Откако и денес не добивме плата, ние, кошаркарите и стручниот штаб на МКК Фени Индустри, одржавме итен состанок на кој беше донесена следната одлука: „И покрај тоа што ние и денес не добивме плата, сепак едногласно одлучивме да останеме и заеднички, со целото свое кошаркарско знаење, срце и љубов да ги браниме боите, честа и гордоста на КК Фени Индустри и Кавадарци и на натпреварот против Пелистер, кој е закажан за во сабота, 9 септември, со почеток од 18 часот. Ние, кошаркарите и стручниот штаб ќе ја следиме состојбата во клубот, и согласно истата ќе се произнесуваме за следните наши активности“.

Со почит,Кошаркарите и стручниот штаб на МКК Фени Индустри

Се вчитува...