Фени рутински ја совлада Струмица

Кошаркарите на Фени индустри очекувано ја совладаа Струмица на домашен терен со 81-63. Со доминантна игра во втората и во четвртата четвртина, кавадарчани создадоа убедлива предност. На полувремето Фени имаше водство од 40-31, а во вториот дел и го надгради за убедлив триумф.

Горјан Марковски со 19 поени и Јане Петровски со 18 поени беа најефикасни во составот на Фени, додека кај струмичани се истакнаа Кевин Тајнс (19) и Петре Цветков (14).

Се вчитува...